еМагазин
Image default
Македонија

Две наставнички и 15 деца во изолација: Рекордни 54 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешко

Две наставнички и 15 деца од кавадаречко училиште се во изолација, откако седумгодишен ученик добил позитивен резултат на Ковид-19 тест.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој додаде дека изминатото деноноќие регистрирани се рекордни 54 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешко.

„Од новозаболените, 40 лица се од Кавадарци, 13 од Неготино и едно од Демир Капија. Второодделенец е меѓу новите случаи, со себе во изолација стави и две наставнички, како и 15 деца. Извршена е дезинфекција во кавадаречкото училиште“, нагласи Јовановски.

Додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти, со цел да се изолираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Испитите на прилепскиот Економски факултет ќе се полагаат со физичко присуство и со протоколи

Редакција

БНТ: Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Петков го посетила Скопје

Редакција

Османи убеден дека Макрон “Северномакедонци“ го кажувал без навреда

Редакција