еМагазин
Image default
Македонија

Две независни советнички листи поднесени во Македонски Брод

За претстојните локални избори, во Македонски Брод се поднесени две независни советнички листи кои ги предводат членови на актуелниот советнички состав во Општината.

-Во нашата Општина во предвидениот рок доставени се и две независни советнички листи. За овие листи претендентите за идниот совет на ЕЛС Македонски Брод, собрале по 100 потписи, со што го исполниле неопходниот цензус.

Листите ги предводат Бране Јованоски и Ивица Аврамоски, кои се дел и од актуелниот советнички состав во Општина Македонски Брод, а за листата на советници се изборија како независни кандидати, со што нашата Општина е една од ретките во земјава каде континуирано бројот на независни кандидати во солиден број е застапен во општинскиот совет, вели Горан Спироски од канцеларијата на Државната изборна комисија за Македонски Брод.

Спироски појасни дека до крајот на рокот за пријавување 30 август, не е исклучено да се поднесе уште една независна листа, а се уште не се навестува можноста во Општина Македонски Брод да фигурира и еден независен кандидат за иден градоначалник. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 40 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 2.206

Редакција

ЕУ задутре ќе одлучува за датум за преговори: Кои се можните сценарија за нашата земја?

Редакција

Во војната на страна на Украина се бореле 79 македонски државјани, загинале 26

Редакција