еМагазин
Image default
Македонија

Две опции за новото име на МАНУ

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека добро течат разговорите за преименувањето на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

– Преименувањето ќе се случи, вели Заев, додавајќи дека МАНУ треба да одлучи дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Но, потенцира премиерот Заев, многу е важно како е регистрарана академијата секаде низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.

– Верувам дека работите се движат позитивино, рече меѓу другото Заев.

Истакна и дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа: Утврдени нови имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го тужи новинарот Божиновски за клевета

Редакција

Кривична ќе има и за лицето кое го превезе Палевски од Србија во Турција

Редакција

Синоличка Трпкова: Јазикот не е вонбрачно дете за кое треба да се докажува татковство со дебати, изјави, симпозиуми, дискусии

Редакција