еМагазин
Image default
Локално

Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци

Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев за МИА вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.

Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде што се издигнуваат пламени по неколку метри.

Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар во општина Карбинци.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Пред повеќе од половина месец изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен во ЈСП – Скопје заразен со корона вирусот

Редакција

(Фото) Повторно пропадна возило на скопскиот плоштад Македонија

Редакција

Кривична пријава против дилер на хероин од Штип: Го издал муштерија

Редакција