еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе недостасуваат гуми за автомобили: Автомобилската по прехранбената индустрија, е вториот сектор кој најсилно е погоден од руско-украинската војна

Автомобилската индустрија е еден од најсилно погодените сектори од руско-украинската војна, а таа криза, која започна со ковид-пандемијата, сега само се продлабочи.

Еден од увозниците на премиум брендови на автомобили во Македонија, вели дека оваа криза е многу поголема и пострашна од ковид-пандемијата и дека вистинските последици ќе почнат да се чувствуваат кон втората половина на годината.

Нови автомобили не се испорачуваат, бидејќи има недостаток на производство на делови и на чипови. Како увозници, ретко добиваат некој нов модел.

Оваа ситуација е предизвикана од недостаток на делови и чипови, бидејќи голем број на производствени капацитети, се затворија за време на пандемијата.

Нов проблем – производство на гуми за автомобили

Но, освен проблемот со производство на чипови, кој започна за време на пандемијата, руско-украинската војна ќе влијае врз отворање на нов проблем, производство на гуми за автомобили.

Според познавачите на состојбите, фабриките за производство на гуми, за северниот дел на Европа се наоѓаат во Русија, која пак, поради санкциите, не ги произведува.

Исто така, една од состојките која е потребна за производство на гуми, најголем дел се произведува во Русија и во Украина.

Тоа ќе предизвика домино-ефект врз цената на гумите, кои ќе треба да се увезуваат од далечен Исток, при услови на зголемени трошоци на транспорт и енергенси.

Директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Македонија

Во однос на автомобилските компании во Македонија, неодамна Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава истакна дека германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство, при што ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Македонија.

„Поради Виша сила, им се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во Северна Македонија.

Во Украина се погодени 30.000 работни места кај германски и 10.000 работни места кај други интернационални инвеститори од автомобилската индустрија,“ рече Мартенс.

Фото: Mason Jones on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 2,50 на 2,25 проценти

Редакција

Предупредување од УХМР: Денеска пообилен дожд на пониските и снег на повисоките места

Редакција

Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, тврди Мицкоски

Редакција