еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе обезбеди ли државната ЕСМ струја за домаќинствата или ќе имаме голем ценовен шок?

До 25 ноември годинава ќе се знае дали државната компанија за производство на струја ЕСМ ќе обезбеди 60% од количините за домаќинствата согласно Законот за енергетика.

Имено ЕВН хоум распиша втор тендер откако на првиот тендер ЕСМ за прв пат не учествуваше и не понуди 60% од количините потребни за домаќинствата во земјава.

Инаку универзалниот снабдувач односно ЕВН хоум има обврска да ги обезбеди потребните количини за домаќинствата за 2022 година, а државната ЕСМ има обврска да понуди 60% од потребите од домашното производство. Останатите количини се набавуваат од слободниот пазар.

Ако и на вториот тендер ЕСМ заради состојбите во кои се наоѓа компанијата, не успее да обезбеди домашна струја по 37 евра за мегават час, ЕВН хоум ќе биде принуден да ја набави целокупната потребна количини на слободен пазар, каде што еден мегават се продава по цена и од 250 евра.

Таквата ценовна разлика ќе предизвика дополнителен притисок врз цената на струјата за домаќинствата, која според најавите секако ќе се зголеми двојно на почетокот на следната година.

Заради деликатната состојба на берзите за струја и огромниот раст на цената, Владата прогласи енергетска криза, со што се создадоа законски можности за трансфер на 65 милиони евра за државните компании ЕСМ и МЕПСО.

Но, според енергетичарите ова е само моментално решение, бидејќи домашното производство е во многу лоша состојба. Зголемувањето на цената на струјата ќе биде неизбежно, додаваат тие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на кадровската чистка на Владата: Кои директори ги загубија фотељите?

Редакција

Проектирани 1,9 милијарди евра за „ГАМА“, решението до крајот на годината

Редакција

Што пишува во биографијата на Фатмир Битиќи, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција