еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе задржат само 10% од акциите, Австријците ја потврдија продажбата на бизнис центарот „Соравиа„

За продажбата на бизнис центарот „Соравиа„ преку соопштение се огласи и сега веќе бившиот сопственик, австриската компанија „Хано Соравиа“ (Hanno Soravia GMBH) во чиј состав е и бизнис центарот во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнис-центарот „Соравиа“ во Скопје добива нови сопственици

„’Хано Соравиа’ ГМБХ , водечка инвестициска компанија со седиште во Австрија веќе 150 години, објави потпишување на договор за купување акции со ‘Пе-Вла-Ку Ш.П.К ‘(Pe-Vla-Ku Sh.P.K), реномирана компанија со седиште во Албанија, и ‘Тор индустри’ ДООЕЛ, истакнат деловен субјект од Северна Македонија.

Во договорот е наведено дека ‘Хано Соравиа’ ГМБХ ќе продаде 90 отсто од акциите во два нејзини клучни субјекти, „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, притоа задржувајќи 10 отсто од акциите“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД

Од таму посочуваат дека задржувањето на 10 отсто од акциите „ја покажува континуираната верба и посветеност на ‘Хано Соравиа’ ГМБХ во растот на компаниите и потенцијалот на новото партнерство“.

„Тоа означува гласање за доверба во можностите и искуството во индустријата на ‘Пе-Вла-Ку Ш.П.К’ и ‘Тор индустри’ ДООЕЛ за да се поттикне траекторијата на компаниите“, се вели во соопштението.

Во соопштенито, Хано Соравиа, извршен директор на „Хано Соравиа“ ГМБХ, вели дека се ентузијасти за новото партнерство, кое означува значајна пресвртница во нивната корпоративна историја.

„Уверени сме дека ‘Пе-Вла-Ку Ш.П.К’ и ‘Тор индустри’ ДООЕЛ се идеално позиционирани да ги преземат уздите и дополнително да го поттикнат растот на „Соравиа Инвест’ ДООЕЛ и ‘Соравиа Менаџмент’ ДООЕЛ“, како и дека стратешкиот договор меѓу трите субјекти им овозможува на „Соравиа Инвест“ ДООЕЛ и „Соравиа Менаџмент“ ДООЕЛ „да пристапат до огромното искуство и мрежите на нивните нови сопственици, со што се олеснува поширок опсег на можности за раст на нивните соодветни пазари“.

Во соопштението се наведуваат и изјави на претставниците од „Пе-Вла-Ку Ш.П.К“ и „Тор индустри“ ДООЕЛ кои посочуваат дека се желни да работат со динамичните тимови во „Соравиа Инвест“ ДООЕЛ и „Соравиа Менаџмент“ ДООЕЛ.

„Ние сме посветени на искористување на синергијата создадена од ова партнерство за да генерираме вредност и силен раст“, наведуваат во изјавата, при што се додава дека ова партнерство обединува спој на визии и стратегии од кои се очекува да го трансформираат пејзажот на индустријата, овластувајќи го секој заинтересиран „да достигне нови височини“.

Фото: Соравиа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 96 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Контролори во Фондот за здравствено осигурување обвинети за примање поткуп

Редакција

Што треба да знаете за новата подваријанта на коронавирусот, „кракен“, кој е регистриран и во Македонија

Редакција