еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најмалку 11 жртви во синоќешните земјотреси во Турција и во Сирија

Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми. Засега нема официјалнио податоци за бројот на жртвите.

Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреса на југоистокот на Турција, објави денеска турскиот весник „Хуриет“.

Според тој весник, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба.

Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со интензитет од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси.

Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и Либан.

Во вчерашниот земјотрес во Сирија загинаа пет лица во неколку градови, јавија арапски ТВ станици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов силен земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија, луѓето панично бегаат

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиец разоткрил македонска мрежа на креатори на лажни вести зад која стои припадник на АРМ

Редакција

Скопјанец имал 4 милиони евра бруто-доход во 2021 година, најмладиот милионер има 8, а најстариот 96 години

Редакција

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата

Редакција