За време на службената посета на Швајцарската конфедерација, потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури.
„Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6 илјади канцеларии ширум светот.
Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја.
Дополнително, тоа ќе не стави на меѓународната карта за недвижности што пост-ковид ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и економијата целокупно,“ информираат од Влада.
Потпретседателите на Ре/Макс Европа, по првите разговори и донесувањето на одлуката за проширување во нашата земја во март 2020, на оваа средба потврдија дека продолжуваат со нивните намери, по скоро година пауза поради ковид, да започнат со работа.
Фото: Влада