еМагазин
Image default
Локално

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка што се случи вчера околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв“, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д. (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен гостиварец што плаќал со фалсификувани евра

Редакција

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на Tик-Ток

Редакција

Приведени три лица затекнати во теретана во Скопје која работела и покрај забраната

Редакција