еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице загина во судар на воз и автомобил во Гевгелија

Едно лице загина денеска во несреќа што се случила околу 11 часот на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил.

Имено, како што информираа од СВР Струмица, товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија удрил во автомобил „опел вектра“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од Р.И. (76) од валандовското село Удово.

Тој починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Во моментот полицијата врши увид, а железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Камчев тврди му е влошено здравјето и дека врз него се врши тортура

Редакција

Нови 172 случаи на Ковид-19 од 1.483 тестирања, бројот на активни е 8.331

Редакција

Се укинува домашната изолација за повратниците од странство, останува карантинот

Редакција