еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајка помеѓу камион и автомобил на патот Кичево-Гостивар

Едно лице загина утрово во сообраќајна несреќа меѓу патничко и товарно возило на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила утрово во 6 часот и 35 минути кај „Тајмишка раскрсница“ меѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

– На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, стои во информацијата.

Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 717 оздравени од Ковид-19

Редакција

Обвинителството бара казни од 2.000 евра за 11 лица коишто го прекршиле полицискиот час

Редакција

Општина Центар: Од утре аплицирање за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Редакција