еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Европската комисија ќе го подели вишокот вакцини со земјите од Западен Балкан

Европска комисија (ЕК) се залага вишокот вакцини против Ковид-19, набавени за земјите-членки на Европска Унија, да ги подели со државите од Западен Балкан, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Тој додаде дека се уште не е познато кога тоа ќе се случи, бидејќи во моментот ниту ЕУ не знае кога ќе бидат достапни вакцините и со кое темпо ќе се распределуваат.

– Нашата јасна намера е да ги охрабриме земјите-членки вишокот вакцини да го поделат со земјите од Западен Балкан и другите соседи и тоа да се организира во еден европски процес, посочи Мамер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чист македонски јазик, историските прашања и протоколот не се дел од преговарачата рамка: Неофицијално што има во “францускиот предлог“

Редакција

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

Редакција

Извештајот на известувачот на ЕП, Ќучук, за Македонија усвоен на комисиско ниво, но ветото си останува

Редакција