еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

„Економија за секого“ едукативни текстови на Народна банка за полесно разбирање на финансиите

Народната банка започнува со објавување на серијалот кратки едукативни текстови „Економија за секого“. Како што упатува и самиот нaзив, овој серијал е наменет за сите сегменти од популацијата, вклучително и за возрасните.

„Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење“, велат од Народна банка.

Со овој серијал, Народната банка се вбројува во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности, како дел од нивните напори за поголема едукација населението.

„еМагазин“ овие текстови од Народна банка ќе ги објави во рубриката „Финансиска писменост“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што треба да знаете за криптовалутите: Кои се разликите помеѓу нив и парите?

Редакција

(Видео) Кои се заштитни карактеристики на македонските банкноти

Редакција

Како да го планирате семејниот буџет

Редакција