еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Експлозијата во Полска ја предизвикала украинската воздушна одбрана, соопшти НАТО

Нема индикации дека синоќешниот инцидент во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференција по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.

„Истрагата за случајот продолжува и треба да ги почекаме резултатите. Прелиминарната проценка покажува дека инцидентот најверојатно се должи на тоа дека украинската воздушна одбрана дејствувала против руските ракетни напади“, рече Столтенберг.

„Украина не е виновна, Русија сноси целосна одговорност за продолжувањето на војната“, додаде генералниот секретар.

Тој истакна дека синоќешниот инцидент се случил на денот на масовните руски воздушни напади врз Украина.

„Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна“, рече Столтенберг.

Тој информира дека разговарал со претседателите на САД и на Полска, Џо Бајден и Анджеј Дуда и констатирале дека е неопходно да се остане смирен.

„Секогаш сме подготвени да го направиме она што е неопходно за да го заштитиме секој сојузник“, рече Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Ги идентификувавме остатоците од ракетите во Полска, станува збор за украинските С-300

Проектилот кој падна во Полска најверојатно не е испукан од Русија, вели американскиот претседател Бајден

(Видео+Фото) Проектил падна во Полска, медиуми тврдат дека е руски, две лица загинаа

МИА/Фото: НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

Редакција

Под истрага на САД се политичари, луѓе од правосудството и бизнимени од Македонија, вели амбасадорката Агелер

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.063

Редакција