еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Екстра лесното масло поевтинува за 2 денари, цените на останатите горива непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе Одлука со која екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за два денари, додека цените на останатите горива остануваат непроменети.

Со оваа Одлука, од ноќеска на полноќ, максималната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денари за литар, на Еуросупер БС-98 – 83,50 денари за литар, на Еуродизел БС – 71 денари за литар, на маслото за горење ЕЛ-1 – 68 денари за литар, а на мазутот М-1 41,437 денари за килограм.

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,57 проценти.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,585 проценти, кај дизелот за 3,315 проценти, кај екстра лесното масло за 3,937 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,713 процент.

– Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се додава во соопштението на РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната плата во август 31.871 денари

Редакција

Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе ја активираме банкарската гаранција, вели Ковачевски

Редакција

Осуда за инцидентите од пред Влада и Собрание од СДСМ и ДУИ

Редакција