Епидемиологот Сашко Олумчев од Гевгелија за телевизијата Сител вели дека очекува брзо ширење на варијантата на Ковид-19, Омикрон со големиот број на нашинци кои за време на викендот се враќаат во земјата.
„Сите ќе си дојдат, со самото тоа големи се шансите Омикрон да влезе на голема врата“, вели Олумчев.
Здравствениот систем, вели тој, и натаму е порозен и не може да прими голем број на хоспитализирани пациенти одеднаш.
„Ќе имаме многу бројки кои ќе направат проблем, затоа што нема човечки, просторни и материјални ресурси“, вели Олумчев.
Тој предлага зимскиот распуст да се продолжи за уште две недели, бидејќи контактите се интензивираат во овој период.
– Треба зимски распуст од еден месец за да се стабилизираат тие состојби. И некој ако се зарази, ќе биде под контрола во домашни услови, вели Олумчев.
Предлага и воведување на брзи антигенски тестови на границата и да се спроведуваат барем по случаен избор „за да се знае што ни се случува“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Д-р Олумчев објаснува кој имунитет е подобар, природниот со прележан ковид или тој со вакцина
Фото: МИА