еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ денеска бира ново раководство: Во партијата се враќаат старите кадри Игор Ивановски и Андреј Петров?

Владејачката партија СДСМ денеска на Централен одбор (ЦО) ќе бира ново раководство.

На седницата на ЦО ќе се гласа за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.

Во отсуство на официјални информации, медиумите деновиве шпекулираат дека во органите на партијата, која сега ја води Димитар Ковачевски се враќаат и старите кадри Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров.

Петров е поранешен пратеник на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, а Шема е партиски функционер од времето кога партијата ја водеа Владо Бучковски и Радмила Шекеринска.

Нов генерален секретар се очекува да биде Миле Зечевиќ, исто така поранешен висок партиски функционер, а неофицијално во органите на партијата останува Сања Лукаревска, директорката на УЈП, како заменик-претседател.

Неофицијално во раководството на партијата треба да влезе и пратеничката од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, а се шпекулира и со имињата на професорот Леонид Наков, архитектот Мишко Ралев, Нина Фити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца здравствени работници од штипското Инфективно одделение заразени со Ковид-19

Редакција

Најважен сојузник на Македонија е Србија, најголема закана Бугарија: Истражување на ИРИ

Редакција

(Видео) Груевски во судница во Будимпешта со „стил“ ја чека одлуката: Капа, очила за сонце и лисици на рацете

Редакција