еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган ѝ се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно ѝ се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите“, како што беше неодамна случај кога турските воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

– Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи, одговори Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за најновиот спор со Грција.

Системите за противвоздушна одбрана С-300, кои ги користи Грција, во моментот на прелетувањето биле насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островите во Егејското Море.

„Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.

Сојузниците во НАТО Грција и Туркије во повеќе наврати се најдоа на работ на војна поради територијални спорови. Новите тензии започнаа на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да таргетираат турски авиони Ф-16 за време на вежбата на НАТО, што Атина го негира.

Ердоган во саботата изјави дека Грција и се заканува на Туркије со системите за противвоздушна одбрана С-300 и дека ќе плати „висока цена“ доколку „продолжи така“, драматично ескалирајќи ја ситуацијата.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара очекува објективност од НАТО во однос на грчката употреба на С-300 во потера по турски авиони. Според него, Грција го игнорира меѓународното право, добрососедските односи и пријателството.

МИА/Фото: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре може да проверите дали Ве има на Избирачкиот список

Редакција

Болки во телото и екстремен замор кај помладите, опасен за постарите: Кои се симптомите на омикрон, новата варијанта на Ковид-19

Редакција

ОН со сериозно предупредување за супербактерии, отпорни на лекови, кои можат да убијат 10 милиони луѓе годишно

Редакција