еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

15-годишна девојка од прилепско силувана додека се враќала од училиште

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „силување“.

-Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче.

Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата.

И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало, информираат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник фатен како краде во угостителски објект во Скопје

Редакција

Да бидеме ние нивните херои, потпишете ја петицијата за бенифициран стаж за сите здравствени работници

Редакција

СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

Редакција