еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба за декември купила струја за 16,3 милиони евра

  • ЕСМ Продажба за декември набавила 40.600 MWh електрична енергија наменета пред се за потребите за дополнителни снабдувања по одлуки и задолженија од Владата, информираат од таму

-За набавката се потрошени 16.319.639 евра без ДДВ. Во оваа набавка беше вклучена и базна и пикова енергија кои се со различни цени, односно пониска и повисока, соопшти ЕСМ Продажба.

Првичниот план за набавка на електрична енергија за декември изнесуваше 48.000 MWh електрична енергија, но по добиените задолженија од Владата за дополнително снабдување од 1 декември на уште три категории потрошувачи (прехранбена индустрија, основни и средни училишта и јавни претпријатија за водовод) планот за набавка е ревидиран на количина од 64.000 MWh, велат од таму.

АД ЕСМ посочуваат дека со сопственото производство целосно ги задовололува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот со „Бехтел и Енка“ нема да им биде даден на пратениците, туку само ќе им се презентира

Редакција

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Редакција

Просечната плата во јуни изнесувала 26.867 денари

Редакција