еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Естонија стана првата централноевропска земја која ги легализираше истополови бракови

Естонскиот Парламент го одобри денеска Законот за легализирање на истополовите бракови, со што Естонија стана првата централноевропска земја што го направила тоа.

Истополовите бракови се легални во поголемиот дел од Западна Европа, но не и во земјите од Централна Европа кои некогаш беа под комунистичка власт и членки на Варшавскиот пакт предводен од Москва, а сега се членки на НАТО и повеќето на ЕУ.

„Мојата порака (до Централна Европа) е дека тоа е тешка борба, но бракот и љубовта се нешто што треба да го промовирате. Ние се развивме многу во 30-те години откако се ослободивме од (советската) окупација. Ние сме еднакви со земјите кои споделуваат исти вредности“, рече премиерката на Естонија, Каја Калас по гласањето.

Предлог-законот доби 55 од 101 глас во Парламентот, од коалицијата на либерални и социјалдемократски партии што Калас ги собра по убедливата победа на изборите во 2023 година.

Законот ќе стапи на сила во 2024 година.

Во главно секуларната балтичка земја со 1,3 милиони жители, 53 отсто од населението ги поддржало истополовите бракови во истражувањето на Центарот за човекови права во 2023 година. Пред десет години, 34 отсто ги поддржале истополовите бракови.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1.397 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите

Редакција

Обвинение за Груевски и Мијалков за „Плацеви на Водно“, побарани нови 30 дена притвор за Камчев

Редакција