еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ го одобри шестиот пакет санкции против Русија

Советот на Европската Унија го одобри шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина.

Шестиот пакет содржи економски и лични санкции против Русија и Белорусија.

Новите рестриктивни мерки опфаќаат: земјите-членки на ЕУ да запрат со увезување нафта од Русија во рок од шест месеци, а за нафтени деревати осум месеци, постепено откажување од руската нафта транспортирана по морски пат, со привремен исклучок за доставата преку цевководите, исклучување на Сбербанк, Роселхозбанк и на Московската кредитна банка од СВИФТ, забрана за емитување во Европа на телевизиските канали Русија РТР/РТР Планета (Russia RTR/RTR Planeta), Русија 24 (Russia 24), ТВ центар-меѓународен (TV Centre-International).

Правниот документ ќе биде објавен подоцна во официјална публикација на ЕУ, па тогаш ќе биде јасно и за кои личности следат санкции.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирко Петровски бил пронајден починат во неговиот дом во скопска Кисела Вода: Детали од МВР

Редакција

„Не може да се вратат годините, загубите и стресовите кои ги имавме како фамилија со ниту едни пари“, вели Цаноски за пресудата за „Космос“

Редакција

Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите, вели Ковачевски

Редакција