еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“

ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“ како најдобра во категоријата „Корпоративна филантропија за големо претпријатие за 2019 година“, информираат од компанијата.

Компанијата се натпреваруваше во оваа категорија преку своите три проекти: „ЕВН Волонтира“, „Електромобилност со ЕВН“ и „Гласни раце во ЕВН“. Следејќи ги светските трендови, оваа компанија веќе неколку години активно гради инфраструктура на полначи низ целата земјата преку проектот „Електромобилност со ЕВН“, а со имлементација на проектот „Гласни раце во ЕВН“ се стреми да обезбеди највисоко ниво на услуга за граѓаните со оштетен слух.

Користејќи ги своите интереси, знаења и широк распон на вештини, вработените во ЕВН работеа за подобрување на локалните заедници како дел од програмата за корпоративно волонтирање „ЕВН Волонтира“ која е сè уште во тек.

Организатор на настанот е здружението „Хорус“, а годинава свеченото доделување се одвиваше во просториите на „М6 едукативен центар“ во Скопје. Цел на настанот е да се стимулира развојот на филантропијата во земјата и да се препознаат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои долгорочно и стратешки го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата.

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МакеДокс“: Наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма ја доби документарниот филм „Затемнување“

Редакција

Патувачкото кино на МакеДокс во Кратово и Шлегово, следува Штип

Редакција

И еМагазин е дел од него: Од денеска достапен Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“

Редакција