еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Еврокомисијата предложи царинска реформа, која вклучува царина за стоки со вредност помала од 150 евра

Европската комисија денеска предложи реформа на царинската унија на ЕУ, со која, меѓу другото, се предвидува и воведување царини за производите чија вредност е помала од 150 евра.

Со предложената реформа се укинува сегашниот праг врз основа на кој стоката со вредност помала од 150 евра е ослободена од царина, што според Еврокомисијата, било масовно користено од измамници. Од Комисијата наведуваат дека е многу вообичаена практика да се обезвреднуваат пакетите кои влегуваат во ЕУ за да се избегне плаќање царина.

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони изјави дека воведувањето царини за стоки вредни помалку од 150 евра не би требало да доведе до зголемување на потрошувачките цени.

„Тоа не е нашата цел. Тарифите за мали пакети ќе бидат многу мали. Очекуваме дека приходите од е-трговија за земјите-членки ќе достигнат една милијарда евра годишно и тоа само затоа што поголем број пакети ќе бидат минимално оданочени“, појасни Џентилони.

Комисијата посочува дека ова е најобемната реформа на царинската унија на ЕУ од нејзиното формирање во 1968 година.

Турција е членка на царинската унија, што значи дека може да тргува со ЕУ без царини, но не може да има своја целосно независна трговска политика. Од друга страна, до неодамна членката на ЕУ, Велика Британија, не ја сакаше „турската опција“ и реши да ја напушти царинската унија, што создава големи проблеми во Северна Ирска.

Предлогот на Комисијата мора да биде одобрен од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во говор останува лично на секој како ќе го изговори името на државата, тоа прашање е апсолвирано, вели Гаши

Редакција

Политичари го консултирале Пендаровски за амнестија на Груевски, откри претседателот

Редакција

Топ пет професи со највисоки плати

Редакција