еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Европа и светот прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа на собир во Кичево истакнал дека неговата партија на следни избори ќе оствари историски резултат, но и дека се прави стратегија како да се „скрши ВМРО-ДПМНЕ“ и 44-те нивни пратеници да изгласаат уставни измени по бугарски диктат.

-Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија.

Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете. Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори.

-Македонија со ум се брани. Секој кој што мисли дека со сила може да ја одбрани Македонија, се лаже. Ние треба да бидеме најмалку двојно поумни од сите останати, со добра и јасна стратегија.

Сите тие кои што заведуваа со силни говори и јака реторика дека овој град бил наш, Македонија до таму, таму ќе го правиме следниот Конгрес, завршија како уценети мали просечни бизнисмени, рекол Мицкоски.

Според него, нема време за бизнисмени во политика и тоа веќе нема да го има. Мицкоски вели дека секој оној кој мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже и оти со ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа нема да го има.

Тој, како што се посочува во информацијата од неговото обраќање, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ денес се соочени пред историски епохален предизвик и оти „Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ“ и 44-те пратеници да изгласаат уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат.

Мицкоски ги повика сите граѓани за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.

-Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат, порача Мицкоски.

Мисијата на ВМРО-ДПМНЕ, кажал тој, е да се вратат младите дома во Македонија, и во оваа земја да владеат законите и да се создаваат реформи за доброто на граѓаните.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Журки“ без маски во струмичкиот клуб „Аватар“

Редакција

(Фото) Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Редакција

Макпетрол во ноември ќе ја намали цената на гасот за 500 евра

Редакција