еМагазин
Image default
Свет

Европол откри „подземна“ банка преку која наркобанда испрала 180 милиони евра

Европол соопшти дека во заедничка акција со белгиската и шпанската полиција е откриен сложен и професионален систем за перење пари преку поморските и воздушните пристаништа во ЕУ. Преку „подземната“ банка  криминалците успеале да исперат 180 милиони евра добиени од илегална трговија со кокаин.

Криминалната група ја сочинувале марокански, шпански и белгиски државјани, а биле активни во Белгија, Холандија, Шпанија, Јужна Америка и Дубаи.

Во акцијата спроведена во март уапсени се пет лица во Белгија, еден во Шпанија, запленети се 1,2 милиони евра во криптовалути, одземени се три недвижни имоти, како и 50.000 евра во кеш, еден луксузен автомобил, 23 мобилни телефони и накит.

Истрагата почнала во октомври 2021 година, по анализата на дешифрирани пораки, за голема група која шверцувала големи количества кокаин од различни јужноамерикански пристаништа до неколку поморски и воздушни пристаништа во Европа.

– Криминалната група успеа да увезе неколку тони кокаин и да го продаде за огромен профит. Користејќи професионален и флексибилен пристап, вклучувајќи методи како што е употребата на тајни компании, криминалците успеаја да ги избегнуваат властите со месеци, се наведува во соопштението на Европол.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Војна на улиците на Барселона

Редакција

Во Газа има недостиг на сè, па и на вреќи за тела, велат хуманитарните работници

Редакција

Невакцинираните се потенцијални „фабрики“ за развој на нови мутации на коронавирусот

Редакција