еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија со засилен ангажман да помогне за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија, побарал Ковачевски од Фон дер Лајен

Во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ едно од клучните очекувања е засилениот ангажман на Европската комисија (ЕК) да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Македонија и Албанија, ова го истакнал премиерот Димитар Ковачевски за време на средбата денеска во Брисел со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Ковачевски ја информирал Фон дер Лајен за резултатите од интензивната агенда на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, посочувајќи дека на двете официјални работни средби и во Скопје и во Софија, се постигна договор за унапредување на билатералната соработка преку создавање на пет работни групи, информираат од Владата.

Тој истакнал дека од нивната работа се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на првата Меѓувладина седница на Македонија со ЕУ за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

-Од исклучителна важност во тој процес е вклучувањето на Европската комисија и Француското Претседателството со ЕУ за да се овозможи решенијата да бидат во согласност со европските стандарди и вредности, стои во соопштението на Владата.

Двајцата соговорници на средбата се согласиле дека од голема важност е што поскоро да започне преговарачкиот процес за Македонија за да се одржи динамиката на реформите.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На средбата станало збор и за ефектуирањето на финансиската поддршка од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за проектите за железницата со Бугарија, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за парк за ветерна енергија и за соларна централа, како и за интерконекторот за гасно поврзување на Македонија со Србија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кичевската болница има суспектен пациент со мајмунски сипаници, дадена е препорака за тестирање

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуана

Редакција

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

Редакција