еМагазин
Image default
Балкан

Европскиот парламент одoбри визна либерализација за Косово

Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“, 186 „против“ и 20 „воздржани“ се изјасни за укинување на визите за патување на државјаните на Косово во земјите членки на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по објавувањето на веста за одлуката на Европарламентот да ја одбори визната либерализација, косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека многу наскоро граѓаните на Косово ќе можат да се движат слободно низ Европа.

– Честито нека е, граѓани на Косово! Наскоро ќе се движиме слободно во Европа. Благодарение на сите пратеници и парламентарни групи, на сите партии и држави членки, кои во Европскиот парламент го поддржаа нашето право за слобода на движење, напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.

До конечната визна либерализација преостануваат уште неколку процедури, кои, според познавачите на приликите во Брисел, можат да потраат уште шест до девет месеци.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Редакција

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Редакција

Бугарската Комисија за надворешна политика го усвои “францускиот предлог“, утре ќе се расправа во парламентот

Редакција