еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европскиот парламент побара истрага за еврокомесарот за проширување, Вархеји

Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена во четвртокот на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на однесување на членовите на Комисијата“.

Тој член од резолуцијата беше усвоен со 357 гласа „за“, од вкупно 632 пратеници кои гласаа.

Овој напис наведува дека „комесарот одговорен за соседска политика и проширување намерно се обидува да ја заобиколи и поткопа централната важност на демократските реформи и реформите на владеењето на правото на земјите што влегуваат во ЕУ“.

Написот стана дел од Резолуцијата на барање на холандскиот пратеник Тејс Рутен од групата на социјалисти и демократи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Смешната страна на „корона-кризата“ и карантинот

Редакција

Мицкоски: Ова што денеска го бара Борисов е ветено од Заев, бараме експертска влада, Меморандум и избори

Редакција

На собраниска комисија поминаа ратификациите на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Редакција