еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Евроскептицизмот во Македонија се зголемува: Поддршката за пристапување во Европската Унија падна на 53%

Последното истражување на „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, кооснован од ЕУ, покажува дека во Македонија, поддршката за пристапување во Европската Унија падна на 53 отсто, а до сега таа поддршка никогаш не била под 70 отсто.

На прашањето, дали мислите дека членството во ЕУ ќе биде добра работа, лоша работа или ниту добра, ниту лоша работа за вашата економија, 53 отсто од испитаниците од Македонија одговориле дека ќе биде добра работа, 33 отсто дека ќе биде ниту добра, ниту лоша работа, а 11 отсто дека ќе биде лоша работа.

Граѓаните на Косово и Албанија се најголеми оптимисти, со 91 отсто и 84 отсто од испитаниците кои гледаат позитивно на членството во ЕУ.

Србија останува единствената земја каде што помалку од половината (42 отсто) од испитаниците поддржуваат членство во ЕУ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ли згрешија диџеите, пејачите и музичките групи?

Редакција

(Фото) Кај пензионер од Крушево најдени над 60 пушки и 60 пиштоли

Редакција

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција