еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Евростат: 72% од македонските граѓани читаат вести онлајн

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат.

Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто).

Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година, а најмногу за читање вести.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто).

Најмалку читатели на вести на интернет има во Романија (59 проценти), Германија (62 проценти), Франција (63 проценти), Италија (64 проценти) и Белгија (67 проценти).

Во споредба со 2016 година, употребата на интернет за читање онлајн вести се зголемила повеќе кај жените, отколку кај мажите, но генерално, според Евростат мажите го користеле интернетот за читање вести почесто од жените, 74 отсто во споредба со 71 отсто.

Читањето на „онлајн сајтови за вести“ е најпопуларно кај возрасната група од 25 до 54 години (75 отсто).

Процентот на корисници на интернет најмногу се зголемил во руралните средини (од 65 отсто во 2016 година на 69 отсто во 2021). Според степенот на образование, пак, онлајн вести најмногу читаат луѓето со високо образование – 85 отсто, додека кај граѓаните со пониско ниво на образование тој процент изнесува 57.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и топло време до 34 степени

Редакција

Мицкоски поправил прозорец на Инфективна, додека лежеше таму поради Ковид-19

Редакција

Ковид-19 вакцина: Како да се подготви телото за силен имунолошки одговор и минимална реакција

Редакција