еМагазин
Image default
Бизнис

Факом во првото полугодие со намалена добивка

Во првото полугодие Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 91.000 денари наспроти добивката од 175.345 денари за истиот период во 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 60% имаат приходите од продажба на странски пазар кои во споредба со остварените во 2022 година бележат намалување од 55%, додека приходите од продажба на домашен пазар учествуваат со 39% или се зголемени за 97% во однос на истиот период од 2022 година.

Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01. – 30.06.2023 година се намалени за 25% во однос на 2022 година, а финансиските приходи се зголемени за 21% по основ на зголемените приходи од позитивни курсни разлики од работењето.

Вкупните приходи за 01.01.- 30.06.2023 година се 493.691.798 денари и се намалени за 24% во однос на приходот за истиот период од 2022 година.

Во периодот од 01.01. – 30.06.2023 година Друштвото оствари вкупни расходи од 493.600.798 денари кои се за -24% помали во однос на 2022 година. Намалувањето на расходите се должи на намалениот обем на работа на Друштвото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ склучи договор со Факом, вреден 3,4 милиони евра

Факом откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Редакција

Собранието на авиобилети ќе потроши 13.000.000 денари

Редакција

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција