еМагазин
Бизнис

Попова Кула со намалена добивка во првото полугодие

Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија во првата половина од 2023 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.232 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Друштвото споредено со минатата година овој период има помал финасиски резултат од своето работење, кое во голем дел се должи на помалиот извоз на вино, велат од таму.

Во овој период Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 10.457 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се намалени за 4.289 илјади денари.

-Ова намалување во најголем дел се должи на намалениот извоз на вино. Во првата половина од 2022 година имавме голем извоз за САД, а оваа 2023 година не, и од тоа произлегува главната разлика во приходите од продажба.

Оперативните расходи се намалени за 3.803 илјади денари. Намалувањето е резултат на намалениот обем на работа т.е. помалку потрошени материјали за производство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Винарската визба Попова кула лани работела со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Офис и Ко.“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на столици вреден 91.000 евра

Редакција

Во ноември лани издадени 406 одобренија за градење, најмногу станови ќе се градат во скопски Аеродром

Редакција

Поради корона вирусот: Комерцијална банка сака да одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Редакција