еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првото полугодие

Во првото полугодие Лотарија на Македонија АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 1.210 илјади денари, што претставува намалување за 60% споредбено со 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Кај оперативната добивка во износ од 1.261 илјади денари споредбено со минатата година има намалување од 64%.

Остварените вкупни приходи за период 01.01.- 30.06.2023 година, во висина од 13.227 илјади денари,  бележат намалување во однос на остварените приходи во 2022 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,37% имаат оперативните приходи, додека финансиските приходи претставуваат 0,63% од вкупните приходи.

Зголемување од 9% бележат вкупните расходи, кои за период јануари – јуни 2023 година изнесуваат 11.883 илјади денари. Оперативните расходи се зголемени за 9%, а финансиски расходи нема, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Наков избран и за претседател на Управниот одбор на Лотарија на Македонија

Штерјо Наков и Драган Наков избрани за членови на Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Антевски се стекна со 405 акции од Комерцијална банка

Редакција

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 910 денари бруто по акција

Редакција

Најголемо учество во БДП во 2019 година имал Скопскиот, а најмало Североисточниот регион

Редакција