еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Фармабренд нова“ официјално дел од Eвропската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија

Асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови „Фармабренд нова“ официјално дел од Eвропската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија (EFPIA).

„Фармабренд нова“ е здружение кое со својата работа се стреми заеднаков и навремен пристап до најсовремени и најбезбедни лекови за сите пациенти, ист пристап каков што имаат и пациентите од ЕУ и регионот.Неговата визија ги поддржува креаторите на здравствената политика преку балансирање на буџетот да обезбедат здрава и продуктивна работна сила. Индустријата има одговорност да покаже лидерство во промовирањето на одговорно работење преку практикување на транспарентност и етика во локалното работење.

„Со постојаното вложување и поддршка на визијата за модерен и одржлив здравствен систем во Македонија и со исполнувањето на строгите барања и услови за етичко и транспарентно работење, „Фармабренд нова“ обезбеди место во Европската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија (EFPIA), асоцијација составена од 33 национални здруженија и 40 водечки фармацевтски компании. EFPIA е гласот на ЕУ-сцената на 1.900 компании посветени на истражување, развивање и овозможување на нови лекови за пациентите, кои ќе го подобрат здравјето и квалитетот на животот во целиот свет.

Ова е само дополнителен мотив и поттик за „Фармабренд нова“ да продолжи со своето позитивно дејствување и да влијае на иновативните компании да обезбедуваат за пациентите и лекарите иновативни лекови, но и да инвестираат во здравствениот систем на Македонија преку: споделување на научни информации и знаења, едукација на здравствените работници, учество на здравствените работници во меѓународни клинички студии, подобрување на здравствената инфраструктура, иновации во дијагностиката, лидерство во етиката и транспарентноста во работењето и да инвестираат во општеството преку отворање на работни места и почитување на даночните обврски“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора инженеринг донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот, со порака за хуманост и човечност кога е најтешко

Редакција

Сребро и бронза за македонски ученици на Олимпијадата по природни науки во Доха

Редакција

Плати со поезија и оваа година на 21-ви март на 8 локации во Скопје

Редакција