еМагазин
Image default
Македонија

Ферид Мухиќ: Ме вџаши мотивот на бугарското вето, тоа е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права

Професорот Ферид Мухиќ во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 рече дека е апсурдно да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување, што е содржано и во самата Конвенција за човекови права.

„Ме вџаши мотивот на бугарското вето. Ако доброволно не го сменевме името, ќе ни беше наметнато. Со промените, немаме наша историја до седмиот век, а од тогаш некој сака да покаже дека историјата ни е заедничка со Бугарија. Тоа е нешто за што не треба да се разговара.

И јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со Европската Унија. Тоа е несфатливо“, рече Мухиќ.

Тој смета дека правото на самоопределување е суверено, а ветото од Бугарија е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права.

Иван Асен Втори е подемот на бугарската историја додека Цар Самоил е Ерменец и своето царство го основал на македонска територија. Да не заборавиме дека Турција беше овде до 1911 година, до кога немаме никаква заедничка историја. Ова е без преседан.

Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан“, рече тој.

Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицинско лице еден од тројцата новозаразени со Ковид-19 во Крива Паланка

Редакција

Судењето за убиството на младиот Никола Саздовски одложено за 14. март

Редакција

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција