еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Судот пресуди во корист на Мицкоски по тужба против СДСМ за клевета и навреда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил ја објави пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во негова корист во случајот со СДСМ, поради објави на официјалната Фејсбук страница на партијата во која го нарекуваат „пион на Груевски“.

Според Судот, објавата во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и претставува навреда. Како клевета наведени се во пресудата уште две изјави на СДСМ.

Мицкоски во случајот барал симболичен надомест од едно евро.

– И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени. Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи.

Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!, пишува тој на Фејсбук.

Основниот граѓански суд Скопје пресудил во корист на Мицкоски и во случајот против претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски за две изјави во кои тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го продал името и дека бил уценет, а кои во пресудата се наведени како клевета.

Судот воедно, со пресудите им налага на СДСМ и на Ристовски, истите да ги објават во весник во рок од 15 дена од приемот, како и да му ги платат судските трошоци на Мицкоски соодветно во износ од 12.098 денари, односно  33.927 денари во рок од 15 дена од правосилност на пресудата. 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 4.388: Од Ковид-19 починаа 31 лице

Редакција

„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“

Редакција

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Редакција