Обезбедено е и последното, петто лице, кое не беше достапно на органите на прогон, за случајот со проневра од околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Информацијата ја соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата.
Тој оди во куќен притвор.
Претходно на едно од петте недостапни лица му беше определен притвор, а другите три добија мерки на препазливост и обезбедување.
Вкупно во случајот се осомничени 18 физички и осум правни лица, а меѓу нив се и двајцата поранешни претседатели на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор
Фото: ФФМ













