еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ќе живееме со вирусот веројатно и цела 2021 година

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во однос на почетокот на учебната година, отворањето на градинките и враќањето на работа на родителите, планот и стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во ист временски период.

– Свесни сме дека на почетокот на септември луѓето се враќаат од годишните одмори и почнуваат да работат на работните места – што е еден ризик фактор затоа што е веќе една одредена голема бројка на луѓе во затворена просторија.

Се отвораат градинките, се прекина породилното отсуство заради тоа што градинките се отворени и бебињата, малите деца има каде да се згрижат. Комисијата заедно со претставници на Министерството за труд и социјална политика интензивно работеше и направија соодветни протоколи за функционирање на градинките – колку деца да има во групите, како да се запазуваат превентивните мерки.

Се намали бројот на деца во групите, се преполови. Има алгоритам како да се постапи во случај ако некое дете појави симптоми за време на престојот во градинката, изјави Филипче за Канал 5 телевизија.

Министерот за здравство се осврна и на отворањето на училиштата, за учениците од прво до трето одделение, заради тоа што, како што рече, и тоа е потенцијален ризик фактор гледајќи ги искуствата од други земји.

– Оние земји кои нагло ги отворија училиштата и сите деца беа во училиште и беа приморани делумно или целосно да ги затворат. Проценувајќи како ќе се одвива епидемијата во септември, ние дозволуваме да се отворат училиштата на почетокот на октомври, но само деца со физичко присуство од прво до трето одделение.

Понатаму, ако остане се стабилно и мирно, од ноември/декември и други одделенија ќе може да се враќаат со физичко присуство. А до тогаш да следат онлајн настава, потенцираше министерот Филипче.

Во однос на реакцијата на родителите, Филипче посочи дека треба да се вратиме на работните места, заради тоа што тоа се случува насекаде во светот.

-Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот, рече Филипче.

Министерот истакна дека сите настани коишто ќе се одвиваат во есенскиот и зимскиот период и на коишто ќе има поголем број на луѓе во затворена просторија, капацитетот не смее да биде пополнет повеќе од 30 отсто, а на отворено повеќе од 50 отсто.

-Настаните треба да бидат со седење, заради тоа што секогаш кога имаше настани на коишто луѓето стоеја мерките тешко се почитуваа. И секако останатите принципи на дезинфекција, мерење на температура, одржување на дистанцата.

На тој начин ние практично ги враќаме во функција нормална сите коишто до сега не функционираа, тука мислам на економски оператори, компании итн. Очигледно е дека вирусот е тука ние мора да научиме да живееме со вирусот, меѓутоа почитувајќи ги овие мерки, рече Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Директорот на ЗОО, Галетановски бил повикан во полиција заради статус на Фејсбук

Редакција