По рекордниот број на починати од Ковид-19 вчера, министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил изрази загриженост за сериозноста на ситуацијата.
„Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен.
Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита,“ напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
80,4% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања
Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19
Фото: МЗ