еМагазин
Image default
Македонија

Филипче ги повика пратениците да го изгласаат законот со кој ќе се намали цената на лекување на ковид-пациенти во приватните болници

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на Законот за здравствена заштита, со чии што измени се предлага, цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

„Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани.

Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.

Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја,“ напиша Филипче на Фејсбук.

Денеска на седница на Влада е Законот со кој се предвидува дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти, во приватните болници да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидуваат законските измени: Колку граѓаните ќе плаќаат во приватните болници за лекување од Ковид-19

Владата ќе ја ограничува заработката на приватните болници за ковид-пациенти

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова влада

Редакција

(Видео) Ковачевски се сретна со Ердоган во Истанбул: Македонија и Турција продолжуваат со одлична билатерална и економска соработка

Редакција

Кривични за доктори од Битола, извршено породување со царски рез од невработен гинеколог

Редакција