еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Филипче на видео-конференција со колегите од регионот: Договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите

Министерството за здравство информира дека денеска на пладне, министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на видео конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.

На конференцијата учествуваа министрите за здравство на Албанија, Огерта Манастарлиу, на Грција, Василеиос Кикилиас; на Република Српска, Ален Шераниќ и на Косово, Арменд Земај, како и заменик министерот за здравство на Босна и Херцеговина, Горан Черкез, Данијела Урошевиќ, Асистент на министер за интернационална соработка и европски интеграции и Верица Јовановиќ директор на Институтот за јавно здравје од Србија и Ангел Кунчев од Бугарија, директор на здравствениот иснпекторат.

На видео-конференцијата која ја иницираше Филипче, учесниците информираа за состојбата со коронавирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за есен и процесот за набавка на вакцината.

Во контекст на темите,Филипче информираше дека во моментов, земајќи ги во предвид главните индикатори за евалуација на епидемијата, состојбата во нашата земја е стабилна, велат од Министерството.

“Појасни за препораката на Комисијата за заразни болести и условите под кои на 1 октомври ќе започне учебната година кај нас, како и за подготовките и зајакнување на здравствениот систем за есенскиот период со 16-те монтажни болници низ државата со кредит од Светската Банка.

Во однос на вакцината, Филипче рече дека како земја сме заинтересирани за набавка на вакцина и дека, освен што сме дел од Ковакс програмата на СЗО, добивме понуда од полскиот амбасадор во нашата земја да купиме количина од Полска од вакцината на Астра Зеника“, велат од Министерството.

Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, Филипче посочил дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се сложија и останатите учесници на конференцијата.

Врз основа на ова, на видео состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели од денес.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Грција потпишаа програма за билатерална воена соработка за 2021 година

Редакција

(Фото) Вучиќ им зготви вечера на Заев и Рама во Словенија, им направи мангулица во леб

Редакција

(Фото) Заев му посака добредојде на Ципрас во Охрид

Редакција