Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека руските вакцини „Спутник V“ се очекуваат да пристигнат до крајот на месецот, но се уште не е потврдено.
Прашан дали протерувањето на рускиот дипломат од државата може да го одложи пристигнувањето на вакцините, Филипче рече дека не очекува такво нешто, бидејќи до сега процесот со набавка на руските вакцини не бил политизиран.
Комуникацијата со рускиот амбасадор во државата била одлична, но немале контакт по протерувањето на дипломатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија протера руски дипломат
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.