еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Не се знае која вакцина за корона вирусот ќе се користи кај нас

Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина за корона вирусот ќе се користи кај нас со оглед на тоа што, според нашите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека се следи развојот на сите вакцини.

„Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори се уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во најнаредните фази на клиничко истражување“, рече Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Сали Мурати избран за нов претседател на Уставниот суд

Редакција

Според професорот Људмил Спасов со едностраната изјава за македонскиот јазик нема откажување од дијалектите

Редакција

Убава вест: Во Радовиш излечени сите пациенти заболени од коронавирусот

Редакција