еМагазин
ЖИВОТ

Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!, напиша Филипче.

Кој и како може да дарува информации на линкот ОВДЕ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Eau roma water – тоник за лице од Lush: Смирувачки тоник за зрела, сува и/или чувствителна кожа

Редакција

Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло

Редакција

(Фото) Во „Аџибадем Систина“ вградено второто целосно вештачко срце на 28-годишна девојка

Редакција