еМагазин
Image default
Македонија

Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените со Ковид-19

Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму, а до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Филипче рече дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со ЕУ за набавка на лекот „Ремдесивир“ и освен преку Светската здравствена организација (СЗО) тој од следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка.

За многу кратко време, посочи Филипче, очекуваме по потпишување на договорот да стигне во земјава.

– Се обезбедија дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции. Граѓаните мора да покажат поголема свесност и да ги почитуваат мерките. Изутрината имавме состанок со Комисијата за заразни болести, а после тоа и со Штабот. Во среда закажавме состанок со сите 56 прватни интернисти во државата, кои имаат договор со Фондот, од кои половината се во Скопје, за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите болници каде се лекуваат заболените од Ковид-19, додаде Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На протестот пред Собранието приведени пет лица

Редакција

32 лица не го почитувале полицискиот час

Редакција

Заев по прославата на Мечкин Камен продолжува во Охрид и Грција- министрите од денеска на одмор

Редакција