еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на валандовскиот совет позитивен на коронавирус

Претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, денеска ја потврди информацијата дека бил позитивен на Ковид-19 и оти за разлика од претходните неколку денови, од утрово се чувствувал подобро.

Тој се лекувал во домашни услови, и моментно е изолиран од членовите на семејството кои покажале негативни резултати на тестирањето.

Поради новонастанатата ситуација, валандовскиот совет својата наредна седница ја закажа за петок, 30 октомври и ќе ја одржи далечински.

Инаку и во општина Валандово епидемиолошката ситуација е неповолна. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на територијата на општината активни на Ковид-19 се 39 пациенти. 

МИА/Фото: Општина Валандово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски ја презеде министерската функција во МВР од Нухиу

Редакција

Ковачевски треба да си поднесе оставка, поради нарушена деловна способност, бара ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Убава вест: 204 оздравени од Ковид-19

Редакција