еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Утре Комисијата за заразни болести ќе дискутира дали се потребни дополнителни рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите.

Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде до вакво зголемување на бројот на позитивни со Ковид-19.

„Ова се случува насекаде во земјите во регионот, насекаде во Европа. Значајно се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи. Во таа смисла, и овие мерки кои сега чекаат законски измени, а веќе следната недела законот е во Собрание, се дел од нашиот план за заострување и рестрикции за да некако го ублажиме овој скок на новозаразени лица.

Ние живееме со вирусот, така и цела Европа. Доколку се почитуваа мерките немаше да има ваков скок на новозаразени. Свесни сме дека ако тие мерки не се почитуваат, треба дополнителни рестрикции“, рече министерот Филипче.

Тој информираше дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од тие коишто се сега на сила.

„Тоа би вклучувало рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителски објекти, одредени економски субјекти, компании итн, секаде каде што сметаме дека има ризик. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава. Сето тоа ќе го дискутираме на утрешниот состанок“, потенцираше Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замената на сообраќајните дозволи и возачките ќе биде бесплатна, нема да се плаќаат и патните листови

Редакција

72% од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, најголема доверба имаат во Армијата, покажува „Еврометар 2022“

Редакција

МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови

Редакција