еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Вториот бран на корона вирусот посилен од првиот

Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последица на една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете. Многу пати досега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите, секако и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека нашиот здравствен систем во овој момент е целосно прилагоден кон новата состојба, секојдневно ја следат состојбата на болничките капацитети, на медицинскиот кадар и на дневна основа по потреба правиме и прилагодување, ротации на здравствените работници со цел да одговориме на овој предизвик.

„Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, посочи Филипче на прес-конференцијата.

Тој потенцира дека одржале состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и неколку јавни здравствени установи, со лабораториите каде се врши дијагноза на вирусот, на кои разговарале за досегашното искуство во борбата со вирусот, активности и мерките кои досега беа преземени и за следните чекори за справување со епидемијата.

Светската здравствена организација, нагласи Филипче, е наш стратешки партнер генерално во многу сегменти во здравството, а уште повеќе сега откако и ние се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик.

„Претставничката на СЗО во Скопје, Џихан Тавила сите овие четири месеци дава огромна подршка на нашиот систем во справувањето со вирусот за што сакам да изразам голема благодарност.

Локалната канцеларија на СЗО е во секојдневна комникација со Министерството за здравство, со членовите на Комисијата за заразни болести, како и со многу други чинители во овој процес. Оваа поддршка во консултации, препораки, донации која ја добиваме од СЗО освен тоа ни одава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и властите во справување со вирусот“, рече Филипче.

Уште кога кон крајот на јанари СЗО прогласи вонредна состојба, посочи министерот, ја интензивиравме оваа наша меѓусебна комуникација, ги преземавме сите мерки и препораки кои ги издаде институцијата и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво дури и пред да го регистрираме првиот случај во нашата земја.

„Во периодот кој следеше воведувавме димензионирани мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и да го амортизираме ударот кон нашиот здравствен систем, редовно информираме за статистиката, во континуитет споделуваме препораки и други важни информации, за да ја подигнеме свеста во заедницата за вирусот, неговото присуство и мерките за заштита на граѓаните“, додаде Филипче на прес-конференцијата на која се обрати и советникот на регионалниот директор на СЗО за Европа, Фабио Скано.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болниците се полнат, во потешка состојба 58 пациенти заразени од корона вирусот

Детален преглед по општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заразени од корона вирусот

Убава вест: Оздравени 75 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Нови 153 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Во 33 општини избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

Приведено е лицето кое го симна знамето на МПЦ од манастирот на Попова Шапка и стави знаме на Албанија

Редакција

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Редакција